
Градежни активности на две улици во Охрид.
Од денес започнаа припремни активности за асфалтирање на дел од улицата „Илија Смически“ во Лескоец.
Согласно проектот предвидено е да се асфалтираат околу 300 метри со ширина од 3,5 метри, односно асфалтираната површина ќе биде околу 1000 метри квадратни.


На улицата „Прилепска“ активностите за поставување на каблите под земја завршија.
Денес таму се одвиваат активности за изведба на тротоари, а после завршување на оваа активности ќе следува асфалтирање, информира градоначалникот Кирил Пецаков.