Зголемен бројот на пациенти на детско одделение во Струга, а стручниот кадар се намалува


Наплив на пациенти на детското одделение во Струга. Најкритично е во време на викенди и празници, кога има и по 200 деца за преглед. Секојдневно е голем бројот на пациенти, просечно има по стотина прегледи. Оваа есенска сезона најактуелни се вирусните распираторни инфекции кај децата, кои многу често доведуваат до компликации.

Д-р Бујар Превала

„Најповеќе има деца со распираторни вирусни инфекции, бидејќи времето е такво. Имаме деца со ларингитис, фарингит, со горно распираторни инфекции и со долно распираторни инфекции. Со горно распираторни има полесни случаеви но со долно распираторни знаат и да се комплицираат“, вели д-р Бујар Превала началник на детско одделение Струга.


На детското одделение во Струга работат пет педијатри и еден неонатолог ,но еден од лекарите следниот месец заминува во пензија, а друг на специјализација, со што бројот на специјалисти се намалува.

„Значи овде ќе останат четворица педијатри, еден од нив е неонатолог што значи остануваат три. И овде ќе е потешко за работа бидејќи тројца лекари во тек на еден месец ќе треба да имаат по девет дежурства или десет дежурства да држат, што ќе е напорно и за нив“, вели д-р Превала.


Детското одделение во Струга го покрива целиот регион, откако пред една година поради недостиг на педијатри се затвори детското одделение во охридската болница. Тука се лекуваат пациенти од Струга, Вевчани, Охрид, Дебрца, Ресен и Дебар.


Новинар Соња Рилковска

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани