И Струга дел од кампањата ,,Подај рака и промени живот! Стани згрижувач!”

Во Општина Струга , се одржа настанот кој е дел од Националната кампања ,,Подај рака и промени живот! Стани згрижувач!” која е наменета да го промовира згрижувањето во семејство, а има за цел да ја прошири и зголеми мрежата на згрижувачки семејства во државата.


Националата кампања е организирана од СОС Детско Село -Скопје во соработка со трите Центри за поддршка на згрижувачки семејства( Центарот во Битола во рамки на ЈУ ,,Дом за доенчиња и мали деца “-Битола, Центарот во рамки на ,,11 Октомври”-Скопје и Центарот во рамки на ,,СОС Детско Село -Скопје”, поддржана од Министерство за труд и социјална политика и ,,Завод за социјални дејности”-Скопје, а овозможена од Германското Министерство за економски развој и соработка.
Денешниот настан беше поддржан и од локалната самоуправа на Општина Струга, како и Меѓуопштинскиот Центар за социјална работа во Струга и директорот Мевмед Халили, кој беше присутен на самиот настан.


Центарот за поддршка на згрижувачки семејства-Битола како надлежен за градот Струга, имаше можност на штандовите преку самиот настан да ги информира жителите на Општина Струга за тоа што претставува згрижувањето, кои се условите, критериумите и постапката за да се стане згрижувач , за бенефитите кои ги добиваат згрижувачите, како и за целокупната стручна помош и поддршка која ја добиваат од Центарот за поддршка на згрижувачки семејства и Центарот за социјална работа, во насока на обезбедување на најквалитетна грижа за сместените деца.

Со оглед на тоа што потребата за згрижување на деца без родители и родителска грижа како и деца во ризик е голема, ЦПЗС-Битола ја истакна и огромната важност и потреба од понатамошно ширење и развивање на оваа форма, која пред се се истакнува со својата хумана димензија, а која ќе овозможи најприродна, најсигрна и најбезбедна средина за раст и развој на децата без родители и родителска грижа, најблиска до нивното биолошко семејство.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани