Пецаков и Мицковски на увид на градежните работи низ општина Охрид

Градоначалникот Пецаков и лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицковски денес извршија обиколка на дел од градежните активности кои се одвиваат на територија на Општина Охрид.

Во моментов се работи на 10 локации.

Ги посетивме активностите за изградба на фекална канализација кои се одвиваат на краци од улиците ,,Дејан Војвода” и ,,Ариф Мустафа”. На ,,Дејан Војвода” канализацијата е во должина од 130 метри, а на ,,Ариф Мустафа ” во должина од 120 метри, информира градоначалникот Пецаков.

Направивме обиколка на активностите за изведба на нова водоводна линија во Лескоец во должина од 610 метри. Вредноста на овој зафат е околу 1 800 000 денари.

Ја посетивме улицата ,,Мирка Гинова”. Тука асфалтирањето беше во должина од 140 метри и ширина од 4 метри, информира Пецаков.

Велгошти добива ново повеќенаменско игралиште. Вредноста на овој проект е околу 3 700 000 денари.

На крај Пецаков и Мицковски извршија увид на активностите кои се одвиваат на крак на улицата ,,Радојца Новичиќ” и улицата ,,Будва”.

На ,,Радојца Новичиќ” се работи на оформување на тротоарски површини, се постави ново осветлување, каблите се спуштија под земја и се изгради ѕид во речното корито на реката Сушица.

На ,,Будва” се врши гребење на стариот асфалт и улицата се подготвува за асфалтирањето. Претходно на двете улици се замени и прошири фекалната канализација.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани