
Општина Вевчани објави јавен повик за избор на правнo лицe кое врши дејност или поседуваат дозвола за собирање и/или транспортирање, преработка, рециклирање и уништување на отпад за движни ствари -електронска, електрична и информатичка опрема кои немаат вредност односно се дотраени, неупотребливи и технолошки застарени и истите не се користат од страна на општина Вевчани.
Избраното правно лице на јавниот повик има обврска да изврши преземање на движните ствари – електронска, електрична и информатичка опрема предмет на јавниот повик и истите да ги транспортира како отпад на соодветен начин, согласно со законските прописи.
Движните ствари се наоѓаат во зградата на општина Вевчани, кат II.
Право на учество на јавниот повик имаат сите домашни правни лица, кои поседуваат важечка Дозвола за собирање и/или транспортирање на отпад, издадена од надлежен орган.
Подетални информации може да се добијат секој работен ден од 09:00 до 15:00 часот во општина Вевчани.
Лице за контакт во врска со јавниот повик е Љиљана Баткоска, тел. 046/784-640, e-mail: contact@vevcani.gov.mk
Подетални информации за движните ствари (листа на движни ствари), како и потребна документација во врска со јавниот повик може да се подигне лично од просториите на општина Вевчани, преку следниот линк: Јавен повик за избор на правно лице кое врши дејност или поседува дозвола за собирање и/или транспортирање, преработка, рециклирање и уништување на отпад објавен на веб страната на општина Вевчани.
Краен рок за доставување на пријавите за учество е 07.11.2022 година до 12:00 часот.