Кривична за две лица од Охрид, поставиле лежалки и чадори

Две лица од Охрид заработија кривични пријави за узурпација.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Ј.Џ.(42) и Б.Ц.(40), двајцата од Охрид како и против правен субјект  со седиште во Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „узурпација на недвижности“. Пријавениоте лица, како сопственици на правниот субјект, во периодот од 16.07.2022 до  31.08.2022 година, закупиле објект лоциран на крајбрежјето на
Охридското езеро а потоа пред објектот, зазеле туѓа недвижност која со пропис е прогласена за имот за општа употреба-плажа. Тука,  противправно поставиле 120 лежалки и 50 чадори за сонце, за чие користење вршеле наплата, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани