Транспортирал нежигосано огревно дрво

Жител на Охрид вршел транспорт на нежигосано огревно дрво.

На 29.10.2022 година во 19.50 часот, полициски службеници од СВР Охрид, на улицата „Стив Наумов“ затекнаа растовар на дабово огревно дрво од товарно возило „Фолксваген Транспортер“ со охридски регистарски ознаки, сопственост на Н.Т.(34) од селото Мешеишта, општина Дебарца.  Од извршената контрола, констатирано е дека се работи за околу 7 метри просторни нежигосано дабово огревно дрво што,  илегално се транспортирани и доставени до С.А.(44) од Охрид. Дрвната маса и товарното возило се одземени и предадени на претставник на Шумската полиција за понатамошна постапка по што, ќе биде поднесена соодветна пријава, стои во билтенот на Свр Охрид.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани