
Руската национална телевизија направи документарна емисија за Македонија, нејзините природни,културни,традиционални,вредности.
Туристичките потенцијали на магичниот Охрид, градот кој со векови блеска со сите свои вредности има и еден посебен и уникатен занает Охридски Бисер со традиција од 100 години ,што го негуваат две семејства Талеви и Филеви со чување на тајната формула за изработка.


Тајната за изработка на охридксите бисери во Охрид ја донесол и ја предал на семејствата еден Руски емигрант кој бега од Октомвриската револуција 1917 по име Јован Субанович тој доаѓа од регионот на Бајкалското Езеро во Русија.Сличноста на Охридското и Бајкалското Езеро и истата риба која живее плашица односно крлушка е пресуден фактор во тајната формула. Тоа било предизвик на емигрантот да проба и успеал во 1921 год во Охрид да направи производ Охридски бисер кој во денешно време на овај специфичен начин само тука сертифицирано се прави и е препознатлив бренд за Охрид, Македонија и светско културно наследство.
Тоа беше и посебен мотив на Рускиот Актер,шоумен,в одител и драг пријател Mark Bogatyrev , а мене посебна чест и задоволство да ја повториме симболично историјата и процесот на изработката на занаетот ,како што го направиле тоа мојот прадедо Никола Филев и Рускиот емигрант Јован Субанович во знак нивното огромно пријателство, вели Михајло Филев изработувач на Охридски Бисер и почесен конзул на Р.Србија во Македонија со седиште во Охрид.