
Продолжуваат активностите за санација на потпорни ѕидови во Стариот дел на градот.
Деновиве се врши санација на целосно руниран ѕид кој се наоѓа на пресекот на улиците „Коста Абраш“ и „Самоилова“.
Со овие актвности не само што Стариот дел на градот добива убав лик, туку се зголемува и безбедноста на жителите, информира градоначалникот Пецаков.
Градежните активности ги врши „Бокоп“ во рамки на договорот за санација на потпорни ѕидови на територија на Општина Охрид.