Ќе добијат ли струшките училишта настава со скратени часови?

МОН пресече образовниот процес ќе се одвива со физичко присуство во училниците Училиштата ќе се снабдуваат со електрична енергија по субвенционирана цена од 95 евра за мегават/час. Останува прашањето дали ќе има скратување на училишните часови.


Струшките советници на барање на основните и средните училишта, дадоа зелено светло за скратени часови за заштеда на струја. Барањето е испратено до МОН од каде се очекува одговор.

Стружани со поделени мислења.

-Треба да има скратени часови. Најмногу поради концентрација на учениците доволно е 35 минути, вели еден стружанец.

-Не треба скратени часови, државата има пари за електрична енергија, вели друг стружанец.

Учениците сакаат скратени часови. На нашето прашање велат подобро го совладуваат материјалот бидејќи имаат повеќе концентрација.


Според професорите ваквата мерка, која би била на сила во текот на зимските месеци. нема да предизвика негативни последици врз образовниот процес.

„ Втора смена да започнува од 13 часот, наместо од 13 30 со што порано ви завршила втора смена и би заштедиле во осветлување и греење“, вели Кети Јанкоска директор на средното стручно училиште „Нико Нестор“ Струга.


Од струшките училишта велат имаат доволно резерви на нафта, Доколку МОН го одобри барањето од општина Струга училишниот ден ќе се скрати за околу час и половина.

Министерот Шаќири, вели барањето за скратени часови од општина Струга се уште не е стигнато.

Новинар Соња Рилковска

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани