Цената на метар квадратен во Струга достигна рекордни 1 500 евра

Иако младите се иселуваат се зголемува побарувачката на недвижнини во Струга. Цените на становите растат. Еден метар квадратен на атрактивните локации на брегот на Охридското езеро и кејот на реката Црн Дрим достигна рекордни 1500 евра. И покрај енергетската и економската криза се купува и градежно и земјоделско земјиште.
Најчести купувачи на луксузни апартмани во струшко се печалбарите.

„Атрактивниот дел се движи од 1 100 до 1 500 евра квадрат. Другите делови за новоградба зборуваме почнуваат од 800 до па нагоре. Тие што ние ги нарекуваме стари станови имаме две категории првите изградени до 90 тите години зависно од локацијата држат добра цена“, вели Инајет Положани агент за недвижности од Струга.


Според агенциите за недвижности во Струга недостасуваат современо уредени населби со куќи и вили.


-„Наша проценка е дека имаме потреба за нови комплекси со куќи, значи ни требаат комплекси со вили со заеднички уреден простор, заедничко одржување, деловен простор“, додава Положани.


Трендот за вложување во недвижности расте, а со тоа забележителен е и раст на цените за 30%. До пред три години цените на поатрактивните станови во струшко се движеа од 600 до 1000 евра за метар квадратен.


Новинар Соња Рилковска

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани