
Семејното насилство во струшко се премолчува. Во регион со над шеесеттина илјади жители просечно годишно има само по десетина пријави на семејно насилство.
Жртвите молчат, а причина за тоа според социолозите се традициите кај населението, подреденоста и статусот на жената во семејството.
Карактеристично е и тоа што брачната заедница не се прекинува.


-„Семејното насилство во Струга е присутно и околните места, но за жал во Центарот во Струга бројот на пријави е намален. Нејчесто жртва е жената а причините се економско социјални, алкохолизмот и други“, вели Мевмед Халили директор на Центарот за социјални работи в Струга.
Центарот за социјални работи спроведува кампања за родово базирано насилство со цел охрабрување на жените жртви да бараат помош.
-„Моментално е во тек кампањата Со тебе сме – заедно против насилството на жените и девојчињата. Како институција ја промовираме родовата еднаквост и елимирањето на стереотипите за родовите улоги базирани на култура, обичаи, верата, традицијата и други практики“, додава Халили.
Социолозите велат жените во регионот трпат и натаму живеат со насилникот, не бараат заштита. Причина е слабата економска состојба на жртвите, но и потчинетоста и стравот.
Ниту една жена жртва од струшко досега не користела услуги на регионалниот шелтер центар за заштита во Охрид.
Новинар Соња Рилковска