Пецаков: Ја отворивме локалната да биде достапна за граѓаните


Во рамки на настанот „Саемот на промените што носат иднина“, денес Пецаков даде отчет за сработеното. Вели ги презентирал промените кои локалната власт на чело со него ги донесе во Охрид.


Реализацијата на бројните проекти се показател дека умееме, можеме и имаме идеа за содавање на нова иднина. Во изминатите 365 дена започнавме и изградвиме нови улици и патишта, ги реконструираме старите, градиме нова и ја реконструираме водоводната, фекалната и атмосферската мрежа. Градиме нови повеќенаменски игралишта. Како никогаш до сега ставен е акцентот на спортот и здравиот развој на децата, посветивме големо внимание на културата, се грижиме за младите и им обезбедивме центар за нивно истакнување, поддржуваме и субвенционираме. Штедиме и отплаќаме стари долгови. Воведовме ред во основното и средното образование, вели градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков.


Покрај реализацијата на проектите, ја отворивме Локалната самоуправа да биде достапна за граѓаните, додаде Пецаков.

Постојано сме во комуникација со нашите сограѓани преку средбите кои ги организираме. Сето тоа Охриѓани го чувствуваат и гледаат.
Охрид се менува. Посветено продолжуваме да градиме нова иднина за Охрид, подвлече градоначалникот Пецаков.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани