Вредна донација за детските градинки од почесниот конзулат на Р. Србија во Охрид

Почесниот конзулат на Р. Србија обезбеди вредна донација за детските градинки во Охрид.

Дванаесет телевизори од марката „Тесла“ за сите детски градинки во Охрид се обезбедени од страна на почесниот Конзулат на Р. Србија во Охрид, по повод 7-ми Ноември – Денот на ослободувањето на Охрид од фашистичкиот окупатор.

Со оваа донација ќе се овозможи поефикасна едукација и забава на нашите најмили дечиња кои се нашето најголемо богатство и иднина. Почесниот конзулат на Р Србија, со поддршка на Владата на Србија и Македонијија и во иднина ке помага во сите сфери како економијата, стопанството и туризмот. Се стремиме да правиме уште поголеми проекти во иднина. Сега имаме најава и за донирање на јоги душеци во сите градинки, промена на старите со нови, а ќе ги реконструираме односно ревитализираме и тоалетите во сите градинки. Ова е проект во најава кој се планира да биде реализиран во наредните неколку месеци. Идеалните билатерални односи помеѓу двете пријателски држави и цврсто подадената рака помеѓу двата братски народи ќе генерира мир, стабилност, безбедност на целиот регион и успешна соработка во сите сегменти. Нашиот Охрид нека биде слободен и вечен, а ние да се стремиме да создадеме корисни идеи за модерен и развиен град. Честит 7-ми Ноември Денот на ослободување на Охрид, нека бидат вечни нивните дела и аманет за идните генерации, храброста и пожртвуваноста на нашите предци борци и никогаш да не бидат заборавени, вели Филев., вели Михајло Филев, почесен конзул на Р. Србија во Македонија.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани