Детската градинка „Јасна Ристеска“ одбележа 59 години постоење

Со свеченост што се одржа вечерва во спортската сала „Билјанини извори“ Јавната установа детска градинка „Јасна Ристеска“ го одбележаа патрониот празник. Со многу забава, смеа и игра се одбележаа 59 години постоење на градинката. Пред присутните се обрати градоначалникот Кирил Пецаков.

Голема е радоста на овој прекрасен празничен ден, кога ја славиме слободата на нашиот Охрид, што бев дел од неповторливата атмосфера, исполнета со весел џагор и најубави детски насмевки, кои ни ја милуваат душата и ни ги топлат срцата.
Во мое лично име и во името на Општина Охрид упатувам срдечни честитки по повод патрониот празник на Детската градинка „Јасна Ристеска“ со желби за уште многу успешни години, значајни јубилеи и долга низа на нови генерации.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани