ФОТО: Заврши конзервацијата на мозаиците од ранохристијанската базилика во Октиси

После триесет години, заврши конзервацијата на ранохристијанската базилика од петтиот век во струшко Октиси.

Станува збор за монументална базилика од римско време откриена пред еден век.
Мозаиците од 100 метри квадратни, дел од непроценливото културно наследство во земјава се конзервирани на најсовремен начин, сочувани и презентирани пред јавноста.

-„Се набави за прв пат во Македонија алуминско саќе на кое се презентирани мозаиците. Ова саќе е набавено од Италија и на нов начин е презентиран мозаик во Македонија“, вели Јован Василески вработен во Музеј Незлобински Струга.

Изработена е изложба на ѕидовите која ги претставува вредностите и значењето на базиликата.

-„Извршен е делумен ретуш на мозаикот заштитен е со средства кои не дозволуваат продирање на на влага. Конечно дојде денот да се вратат на своето место“ вели Драган Вергоски конзерватор на мозаици во пензија.

За значењето на базиликата зборуваше и Сашо Цветкоски од Истражувачкиот центар за културно наследство при МАНУ.

-Овој проект е единствен во Македонија. Ваква презентација на мозаици како музејска поставка во земјава досега немаше. Мозаиците се поставени на квалитетни носечки подлоги со што се овозможува мобилност. Автентична поставка единствена во земјава и очекуваме да привлече големо внимание“, рече Цветковски.

Базиликата има непроценлива вредност поради тоа што на мозаиците е отсликана единствената претстава на Балканот – „Рагање на христијанството“. Вредното културно наследство ќе ја надополни туристичката приказна на Струга.

Мозаиците се конечно достапни за јавноста сместени во новоизградени конаци.


Новнар Соња Рилковска

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани