
КАДЕ СИ АДАМЕ? Филмот за животот на монасите на Света Гора вечерва се прикажува во центар за култура Григор Прличев.
Филмот го прикажува монашкиот живот, полн со автентични ликови, а се снимал четири години на Атос, Грција.
Автор на филмот, укранскиот продуцент – ѓаконот Александар Плиска, го реализирал проектот со режисерот Александар Запорошченко. Плиска е воодушевен, како што вели од убавините на благословениот Охрид.


-„Ова е филм кој зборува за љубовта кон Бога, тагата, среќата и доживувањата. Во него има многу интересни доживувања. Воглавно на сцените се грци, но гледаќот после 30 минути не мисли на актерите, туку размислува за својот живот за сопругата, родителите, децата итн. Овој филм остава многу силни впечатоци кај публиката. Ги поттикнува основните прашања нкај ќовкот. каде се наоѓам, каде живеам, какви се моите односи кон семејствот, кон пријателите?
Плиска за време на неговиот десетгодишен престој во светогорскиот манастир Дохијар дошол на идејата да сними филм за животот со монасите. Тие пред филмската камера ја изнесуваат и тагата и среќата, покајанието, радоста…


-„Секој гледач лично, на свој начин го доживува херојот на филмот. Секој гледач откако ќе го изгледа филмот се чувствува слободно. Како што самиот Бог не навлегува насилно туку тропа на нашето срце и влегува во она срце кое го прифаќа него“, додава Плиска.
Филмот Каде си Адаме? се прикажува за прв пат во земјуава, а ќе се емитува само во неколку градови.
-„По благослов не неговото блаженство архиепископот Стефан а за цела организација во однос на носењето на филмот во Македонија е заслужен презвитер Бобан Митевски. Филмот ќе се емитува само во неколку градови, среќни сме што Охрид е меѓу нив. За голема среќа картите за филмот се продадоа за само 2 до 3 денови. беше голема заинтересираноста и очигледно дека и на охриѓани и на граѓаните од други градови им недостасуваат вакви филмови од духовен карактер. Се надевам и натаму ќе продолжиме за носење и прикажување на духовни филмови“, истакна Летка Филипова организатор.


Режисерот Запорошченко, кога почнал со снимањето на филмот, сфатил дека монасите не одат по површината на водата или лебдат во воздухот. Тие се луѓе од крв и месо, водат испосничк и тивок монашки живот. Главниот јунак во филмот е игуман на на манастирот, ведар и харизматичен старец Григориј, кој со долгогодишното монашко искуство има длабоко разбирање на човековата душа и нејзината желба да се врати во состојбата која е својствена на прачовекот Адам. Игуманот Григориј, кој во меѓувреме починал, меѓу другото вели дека најголемата доблест што ја научил на Света Гора е доблеста на трпението.
КАДЕ СИ, АДАМЕ? учествувал на неколку филсмки фестивали посветени на христијанската култура во Киев (добитник на Гран при), Торонто, Краков, Зајечар (Србија)…
Критичарите КАДЕ СИ АДАМЕ? го опишуваат како фасцинантен извештај за потполно неспоредливиот начин на живот во рамките на монашка заедница во 21. век.