Амбасадорот Гир на средба со градоначалниците на Охрид, Струга и Дебрца, главна тема УНЕСКО

Амбасадорот на ЕУ Дејвид Гир денеска оствари средба со градоначалниците на Охрид, Струга и Дебрца.

На работниот ручек на кој главна тема беа препораките на УНЕСКО и зачувувањето на природното и културното наследство присуствуваше и координатор на Обединетите нации, Росана Дудџијак.

Тема на разговор беше напорите и перспективите за зајакнување на активностите за зачувување на природното и културното наследство на Охридскиот регион како и соработката на општините со Обединетите нации и со Европската унија.
Од самиот разговор произлегоа неколку идеи во која насока треба да се движиме. Општина Охрид има направено голем исчекор во оваа насока со видливи резултати, информира градоначачникот Кирил Пецаков.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани