
Тешка сообраќајна несреќа на патниот правец Охрид-Струга во близина на манастирот Свети Еразмо.
Според првичните информациии во несреќата учествувале три возила, а едно лице го загубило животот. Пет лица се повредени и хоспитализирани.
Денеска околу 16.40 часот на магистрален пат Охрид-Кичево се случи сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „киа рио“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Р.А.(57) од Охрид, патничко возило „ауди“, со струшки регистарски ознаки, управувано од Ш.П.(22) од Струга и патничко возило „поло“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Г.Р.(39) од Охрид. На местото на несреќата починал возачот Р.А., а повредени се 5 лица, кои се пренесени во болницата „Св. Еразмо’ и во охридската Општа болница. Увид извршија полициски екипи, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.