
Во тек се активности за изведба на атмосферска канализација, на улицата „Марко Цепенков“ во Охрид.
Должината на линијата е околу 500 метри, а вредноста е околу 5.900.000 денари. Средствата се обезбедени од буџетот на Општина Охрид.
Деновиве на дел од улицата „7ми Ноември“ екипи на ЈП „Нискоградба“ изведуваат активности за партерно уредување на тротоарските површини, информира градоначалникот Пецаков.