Авионски бомби пронајдени при проектирањето на патот Кичево- Дебар

Три авионски бомби од Втората светска војна пронајдени при проектирањето на патот Кичево-Дебар.

На 10.11.2022 во 14.30 часот, М.Б.(58) од Кичево, во ОВР Кичево пријави дека, при изведување градежни работи на новопроектираниот пат Кичево -Дебар, кај месноста „Гарски мост“, биле пронајдени три експлозивни направи. Овластено лице од Дирекцијата за заштита и спасување и полициски екипи извршија увид при што било констатирано е дека станува збор за авионски бомби од Втората светска војна. По насоки од Јавен обвинител местото е обезбедено и преземени се мерки за нивно безбедно отстранување, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани