
Скопјанец фатен со марихуана и кокаин во Охрид.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против В.М.(36) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. При претрес извршен по судска наредба во неговиот дом во Охрид, што привремено го користел, полициските службеници од Одделението за борба против дрога при СВР Охрид, пронајдоа и одзедоа марихуана и кокаин, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.