
Две лица од Охрид се степале во угостителски објект.
На 11.11.2022 околу 23.30 часот, во угостителски објект лоциран на улицата „Коста Абраш“ во Охрид, нарушен е јавниот ред и мир со физички напад извршен од М.Г. врз С.Г., двајцата од Охрид. По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава, стои во билтенот на СВР Охрид.