Две лица повредени во сообраќајка на патот Охрид – Ресен

Повредени две лица во сообраќајка на патот Охрид – Ресен. Сообраќајката се случи рано утринава.

Противпожарната единица од Охрид интервенираше во раните утрински часови при излетано возило на магистралниот пат Охрид-Ресен во близина на тунелите. Интервенирано е со 1 возило и 4 пожарникари.

Во екстремно тешки услови екипата на ТППЕ успеа да го лоцира возилото и да ги извади и предаде на екипите на Брза Помош двајцата повредени патници, информираат од противпожарната служба Охрид.

 На 13.11.2022 во 04,30 часот пријавено е дека на магистрален пат Ресен-Охрид во близина на селото Завој, патнички автомобил „сеат ибица“ со ресенски регистарски ознаки, управуван од Б.М.(22) од Ресен, излетал од патот. Притоа, возачот и сопатникот Е.И.М.(19) од Ресен, се здобиле со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид. Увид на местото на несреќата извршија јавен обвинител и полициски екипи, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани