
На Природно-математичкиот факултет во Скопје се одржа натпревар во експерименти, демонстрации, модели и симулации, во склоп на 44-тата Школа ,,Млади физичари“.
На овој настан учениците од охридската гимназија освоија неколку награди.
Категорија ученици од втора година: Марија Зороска -втора награда под менторство на проф. Марија Сиљаноска
Категорија ученици од трета година: Нина Стевоска и Горазд Блажески- прва награда под менторство на проф. Димитрија Паункоски.
Категорија ученици од четврта година: Ева Китрозоска и Кристијан Шишкоски-прва награда под менторство на проф. Јасмина Јанева, Маја Наумоска-втора награда под менторство на проф. Марија Сиљаноска.
Учениците на овој настан следеа и неколку интересни предавања од асистенти од Институтот за физика, а на крај следеа предавање и експерименти изведени од професор од Институтот за хемија кој ги однесе учениците на интересно и незаборавно патување насловено како ,, Пиротехника, магија и наука“.