ЈП Охридски Комуналец го чистеше коритото на реката Сушица и суводолицата во село Велгошти.
Денес нашите екипи спроведоа активности за чистење на речното корито на р.Сушица по нејзиното течение до населба Црногорци, како и суводолицата во с.Велгошти Од речните корита е отстранет цврстиот отпад и дивата вегетација Со тоа во претстојниот период ќе се обезбеди непречен проток на речните води и ќе се намали можноста од излевање и поплави, информираат од Комуналец.