На Мазатар бесправно исечени 32 букови стебла

На Мазатар бесправно исечени 32 букови стебла.

На 15.11.2022 година од 08.00 до 15.30 часот, полициски службеници и претставници на Шумската полиција од Охрид извршија контроли на шумскиот појас „Мазатар“ на планината Галичица. Притоа, во одделот 14 со кој стопанисувал правен субјект со седиште во Охрид забележани се 32 бесправно пресечени букови стебла. Се преземаат мерки за расветлување на настанот, стои во соопштението на СВР Охрид.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани