Прво место за учениците од ОЕМУЦ на „GreenTech Entrepreneurship Challenge“

На 17.11.2022 година во Скопје се одржа главниот настан од проектот GreenTech Entrepreneurship Challenge на кој тимот од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“, составен од учениците: Климент Маријаноски, Дарко Крлески, Александар Спасеновски, Кристијан Ѓорески и Андреј Ванѓеловски, под менторство на професорката Ирена Ралева Најдевска со проектот „TrashPinger“ го освои првото место, а учениците беа прогласени за Еко-претприемачи за 2022 година.

GreenTech Entrepreneurship Challenge претставува проект, кој ги вклучува учениците од средните технички стручни училишта во процесот на дизајнирање бизнис-идеи базирани на зелени одржливи технологии.


На учениците и менторот им честитаме за постигнатиот успех и сметаме дека ваквите проекти ќе бидат поттик и за останатите ученици да развиваат и да презентираат свои идеи од различни области.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани