

Црвен крст Охрид во рамки на програмата „Лична асистенција на лица со попреченост“ успешно ја спроведе првата обука за лични асистенти на лица со попреченост.
Оваа обука која беше поддржана од Општина Охрид се спроведуваше во изминатите два месеци и истата ја завршија 17 кандидати. Кандидатите кои успешно го положија финалниот испит се стекнаа со основни познавања за видовите на попреченост, видови помагала и нивна примена, помош на работно место, образовен процес и помош во заедницата на лица со попреченост, како и помош на корисникот во домот и начинот на комуникација со лицата со попреченост – информираат од Црвен Крст Охрид.