Ковачевски во посета на фабрики во охридско струшкиот регион

Во услови на најголема светска економска и енергетска криза владата обезбедува поддршка за компаниите особено за прехрамбената индустрија. Со пакетот антикризни мерки се помага бизнис секторот и одржувањето на ликвидноста, истакна премиерот Ковачески при денешната посета на две фабрики од прехрамбената индустрија во охридско струшкиот регион.
Според премиерот владата обезбедува многу кратно поевтина електрична енергија за компаниите од прехрамбената индустрија, со што се очекува намалување на цените на прехрамбените производи за најмалку 10%.


„Субвенционираме 80% од цената на електричната енергија за граѓаните и малите компании кои вработуваат 90% од работниците во државата, што значи доколку не е таа субвенција сметките за електрична енергија би биле поголеми за пет пати од тоа што граѓаните го плаќаат“ , истакна премиерот Димитар Ковачевски.


Субвенционирањето на струјата го поздравија стопанствениците од прехрамбената индустрија во охридско струшкиот регион .

– „Сакам да искажам благодарност за одлуките, последната одлука која што беше за субвенционирање на струјата што е сериозен проблем во делот на функцинионирањето на голем дел од производителите на прехрамбените производи како и кај нас и кја сите останати во државата и ги охрабрувам и владата и министрите да носат вакви похрабри одлуки“, истакна Мехмед Џемаилоски сопственик на фарика за прехрамбени производи во Струга.


Ковачевски потенцираше дека граѓаните не треба да стравуваат , дражавата нема да остане без електрична енергија, воедно ги охрабри стопанствениците да инвестираат во фотоволтаични централи, бидејќи тоа е една од најисплатливите инвестиции.
Новинар Соња Рилковска

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани