Ковачевски од Охрид: Нема да има рестрикции за струја, енергетскиот и топлинскиот капацитет е обезбеден

Бидете спокојни, рестрикции за струја нема да има, обезбедивме доволно енергија. Гледате дека во други земји од нашето опкружување има рестрикции но кај нас нема, работиме така да биде и во целата зима“ рече премиерот и претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски одговарајќи на прашања од гарѓаните на граѓанската трибина во Охрид.

Тој апелираше сите да бидат одговорни и рационално да ја трошат струјата, бидејќи одговорноста е заедничка и со рационален пристап заедно ќе заштедиме големи средства.

„Никој не е оставен сам и никој нема да биде оставен сам. Допревме до секое семејство во земјата. Ја зголемивме минималната плата на 18.000 денари а пензиите за една година за 16.00%. Во календарска година тоа е најголемо зголемување досега. Ја субвенционираме цената на струја за сите домаќинства, за 72.000 компании и ранливи семејства со 80% од реалната цена. Обезбедивме топли училници во речиси 500 училишта и соодевт аподдршка за компаниите во време на криза“ кажа Ковачевски.

Премиерот додаде дека и антикризните мерки вродија со плод, бидејќи почнаа да се намалуваат цените на храната. Со мерката за обезбедување на поевтина струја за прехранбената индустрија, премиерот Ковачевски очекува и намалување на цените на лебот, млекото, месото и останатите основни производи за најмалку 10 отсто.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани