

Утрово бугарската телевизија „БТВ“ објави видео од инцидентот во кој маскирани лица го кршат стаклото на бугарскиот културен центар „Цар Борис Трети“ во Охрид. Може да се забележат три лица како го кршат клубот со тврди предмети.
Вчера на официјалната страница на Клубот Цар Борис III – Охрид на Фејсбук осамнаа фотографии од демолираниот објект. Инцидентот се случил во 2 часот по полноќ. Искршени се стаклата на влезот на просториите.
Бугарското Mинистерство за надворешни работи (МНР) го осудува оштетувањето на културниот клуб „Цар Борис Трети” во Охрид кое се случило ноќеска.
Ова е второ оштетување на контроверзниот бугарски клуб во Охрид, чие отворање предизвика лавина реакции во јавноста и протести.