Климатските промени штетни за Охридското Езеро

Климатските промени негативно влијаат врз нивото на Охридското Езеро. Натпросечните температури за месец ноември и топлото време придонесуваат за поголемо испарување и намалување на водата.
Според еколозите дополнителен проблем од друга страна е и тоа што езерото се уште се користи како вештачка акумулација со примитивниот испуст во Струга и не се почитуваат минимално дозволените коти согласно законската регулатива. Согласно прогнозите врзани со климатските промени се очекуваат долги сушни периоди но и периодични неконтролирани врнежи кои би предизвикувале поплави.

-„Според некои прогнози температурите во овие месеци ќе бидат се потопли и потопли односно ќе имаме поместување од зимскиот кон пролетниот период со нагли промени без постепен преод. Воедно би се очекувале поголеми екстремни појави односно поголеми дождови нерамномерно распоредени во простор и во време што значи дека оној воден талог што би паднал би се распоредил нерамномерно и на тој начин би имало позачестени поплавни бранови или поголеми ветрови кои би предизвикувале поголема материјална штета“, вели Ѓоко Зороски екологист од Охрид.

И намалувањето но и зголемувањето на нивото на Охридското Езеро имаат последици врз биодиверзитетот. Ваквите осцилации може да доведат до оштетување на крајбрежниот појас, но и куќите до езерото.

-„ Тука затоа мошне е битен појасот на трската кој што ги амортизира тие ударни бранови и на тој начин таа го спречува разорното дејство водата за да се оштети брегот а со тоа да се оштети и биодиверзитетот којшто живее на самиот брег. 0224Со тие екстремни појави би имале поголеми ветрови и поголеми бранови а со тоа и поголема ударна сила“, додава Зороски.

Во Планот за управување со Охридскиот регион се предвидува изработка на посебна Студија за климатските промени заради утврдување на овие одговори. Од литература и меѓународните искуства е утврдено дека одржувањето и ревитализацијата на блатните екосистеми има позитивно влијание на ублажувањето на климатските промени заради улогата на мочуриштата во секвестрацијата на јаглерод.
Предвидена е и изработка на Методологија за вршење на посебен конзерваторски мониторинг за влијанието на климатските промени и загадувањето врз недвижното културно наследство.

Новинар Соња Рилковска

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани