Реконструиран научно природниот музеј „Д-р Никола Незлобински“ во Струга

Реновиран научно природниот музеј „Д-р Никола Незлобински“ во Струга. Пременета е комплетно целата дограма и покривот, средена е и фасадата. Во рамките на проектот поддржан од министерството за култура градежни зафати имаше и во енетериерно уредување, поставени се нови подни плочки, таваница и осветлување. Целосната реконструкција чини 3 500 000 денари.
Посетителите ќе имаат можност да се запознаат со природно научната поставка во подобрени услови.

-„Се промени комплет кровната конструкција. Фасадата се освежи се реновира исто така и внатрешниот дел, ќерамички плочки, таваницата, светлата. Уште еднаш да кажам голема благодарност“, вели Јован Василески вработен во музеј Струга.

Планот на научната институција е замена на постоечките витрина на поставките но и израдба на нов галериски простор. Тоа се очекува да се случи идната година доколку се добијат финансиски средства од министерството за култура.

-„Преостанува да се извршат уште некои работи во природно научниот музеј,. Замена и освежување на витрините за што веќе имаме поднесено рпеокт за идната година. Исто така и во атриумот на музејот е предвиден да се изгради еден галериски простор со нова кровна конструкција. Тие работи ќе се изведат ако се добијат средства идната година“, додава Василески.


Музејот „Д- р Никола Незлобински“ , кој е воедно првиот природнонаучен тематски музеј во земјава, во Струга е отворен во далечната 1938. Во него се изложени препарирани животни присутни во поднебјето. Денес, музејот се наоѓа во истата зграда, а експонатите се уште пленат со својата афтентичност. Многу од видовите, исчезнале после пресушувањето на струшкото блатот но за богатстовто на регионот сведочат околу 8000 примероци ( 6000 од нив, инсекти и пеперутки), кои можат да се погледнат во природонаучната поставка.

Новинар Соња Рилковска

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани