

Започнаа активностите за целосна реконструкција на повеќенаменското игралиште во Долно Коњско.
Согласно проектот предвидено е да се изврши целосна замена на заштитната ограда и да се изврши санација на спортските реквизити.
Овие активности се резултат од постојаната комуникација што ја практикуваме со охриѓани. Вредноста на зафатите изнесуваат околу 230 000 денари, а средствата се обезбедени од буџетот на Општина Охрид, информира градоначалникот Пецаков.