Водата во Струга повторно заматена, граѓаните се жалат плаќаат сметки, а купуваат вода

Водата во Струга повторно заматена. Стружани се жалат, велат плаќаат сметки, но или немаат вода или таа е загадена па стравуваат да ја користат. Проблемот се провлекува години наназад, при секој дожд водата од градскиот водовод е обоена.

Граѓаните се жалат во време на економска криза плаќаат високи сметки за вода а принудени се да купуваат од продавница.

„Заматена е не се пие воопшто. Се плашиме и купуваме но во оваа криза не се излегува на крај и со купување вода, а и плаќаме фактурите се многу високи“, вели еден стружанец.

„Тоа е поради дождовите. Кога е заматена не ја пиете од чешма? Не, не , не заматена е“, вели друг стружанец.

„ Обично водате не е добра за пиење. Купувате вода? Да купуваме. 0123Не е сигурна водата многу е матна. Често е заматена? Речиси секојпат“, вели трет стружанец.

„Јас не пијам вода од чешма, од нашите чешми не пијам“, вели стружанец.

Од јавното претрпијатие причината ја лоцираат во тоа што при дождови доаѓа до загадување кај изворите во Шум предизвикано од електраните. Првиот човек на градот вели во тек е реализација на проект со кој се врши промена на азбестните цефки и конечно ќе се надминат проблемите со водоснабдувањето.

„Со овој капитален проект кој е во тек., ќе имаме ново, сигурно и количинско снабдување со вода на населениете места. Мислам дека е и затоа велам животен проект и се надеваме дека нема да имаат проблем, ни Дрслајца, ни Ложани, ни Ливада, ни Велешта, Добовјани значи огромен зафат кој изминативе 60 /70 години никој не го размислил како тоа да го изведи“, вели Рамис Мерко градоначалник на Струга .

Надлежните смируваат иако водата често е заматена, не е штетна по здравјето на луѓето, а тоа го потврдуваат анализите од Центарот за јавно здравје.

Новинар Соња Рилковска

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани