
Се чисти коритото на Коселска река.
Екипи на јавните претпријатија „Охридски комуналец“ и „Водовод“ од денес работат на расчистување на речното корито на реката „Коселска“. Активностите се одвиваат по налог на Општина Охрид, информира градоначалникот Пецаков.
Проблемот со затрупувањето на речното корито настанува поради одлагање шут и зелен отпад покрај речното корито, каде се создадени депонии на повеќе локации.