Жител на Корча протеран од државата, ја тепал сопругата во охридското село Лескоец

Жител на Корча со тврд предмет ја повредил сопругата во село Лескоец.

На 23.11.2022 година во 11.10 часот во СВР Охрид приведен е У.Ш..(32) од Корча, Република Албанија. Тој, претходно, во куќа во охридското село Лескоец, сопственост на С.В., агресивно се однесувал по што фрлил тврд предмет кон неговата сопруга и ја повредил. По поднесена пријава, од страна на Основниот суд во Охрид изречена му е мерка ,,протерување на странец од земјата“ во траење од две години, по што е споведен до граничниот премин „Ќафасан“.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани