

Во струшко има само едно згрижувачко семејство со три деца. Се уште има многу деца кои чекаат ваков вид на заштита, имаат потреба да бидат сместени во згрижувачки семејства, но нема доволно заинтересирани граѓани.
Овој тип на згрижување овозможува топол дом, љубов и грижа, како и можност за правилен раст и развој на децата.
-„Сме посветени на подигање на свеста на нашите граѓани во општина Струга и општина Вевчани за значењето кое што го имаат згрижувачките семејства. Секогаш при дирекна комуникација со граѓаните сакам да посочам дека кога на едно дете ќе му подариме топол и сигурен дом подаруваме иднина што значи среќа“, вели Мевмед Халили директор на ЦСР Струга.
Процедурата да се стане згрижувач не е комплицирана, а надоместокот за едно згрижено дете изнесува 16.730 денари месечно, за две 14.550 денари, додека за три деца 13.100 денари.
-„По спроведување на националната капмања Подари рака – промени живот стани згрижувач, можам да кажам дека интересот расте граѓаните се интересираат, доаѓаат , прашуваат и очекуваме бројот на згрижувачки семејства во струшко да расте“, додава Халили.
И на територијата на земјава нема доволно згрижувачки семејства колку што има потреба.
Новинар Соња Рилковска