
Со регионален пакет Југозападниот регион ќе ја збогати туристичката понуда
Југозападниот плански регион изработува регионален туристички пакет. Ќе се градат значајни патишта во општините Вевчани и Центар Жупа.
Целта е да се постави основа за креирање нови туристички приказни, покрај Охрид и Струга да бидат вклучени Вевчани и Дебарското езеро за привлекување на што поголем број туристи.
-„Со оглед на една подолгорочна стратегија ние што ја имаме за туристичките потенцијали тука главната цел е да се понуди регионален пакет, не само Охрид и Струга. Факт е дека тие се туристички центри на ниво на држава меѓутоа во еден таков пакет да ги вклучиме сите потенцијали, вели Мирјана Лозаноска директор на Југозападен плански регион.
Малите рурални општини со прекрасната природа, извори,цркви, реки и езера имаат голем потенцијал за развој на рурален туризам.
-„Со ова помагаме уште повќе да се развива туризмот бидејќи потенцијали на територија на цел регион имаме за туризам. Особено за руралниот“ , вели Лозаноска.
Изградбата на локалните патишта и инфраструктура ќе биде основа за развој на туристичкиот сектор и креирање на побогата понуда за туристите во Југозападниот регион во земјава.
Новинар Соња Рилковска