
Туристичките агенции од регионот наголемо го нудат Охрид за дочекот на 2023 година. Најголемиот дел од понудите кои ги има во српските и црногорските агенции се понуда за 3 денови.


Цените на аранжманите се движат од 90 до 130 евра, зависно од понудата, сместувањето и екскурзиите.


Во некои од понудите вклучена е и посета на Скопје, Вевчани и Струга.
Хотелиерите и туристичките работници очекуваат голем број туристи традиционално да ја дочекаат Новата година во Охрид.