Од 1 ви декември се очекува да поевтини храната

Само 235 компании од прехрамбениот сектор склучиле договор за соработка со ЕСМ Продажба и од 1 декември ќе плаќаат 80 евра за мегхават час струја. На што се должи релативно нискиот одзив засега не е познато но премиерот Ковачевски и министерот за економија Бектеши се децидни дека цените на прехрамбените производи ќе се намалат за десетина отсто без разлика дали компаниите склучиле договор со ЕСМ или не. За прехрамбениот сектор останува уште еден рок за склулчувањее на договори наредниот месец со што би користеле субвенционирани цени за струја но од 1 јануари.

„ За нив има други мерки кои ќе се донесат во слчај да не ги намалат цените. Има закон за трговиј,а може да предложиме замрзнување на цени, одредување на маржи. Ние ги имаме листите, државниот пазарен инспекторат ќе ги врши контролите. Веќе има тренд на намалување на цените на одредени производи. Од 1 декември сите компании кои можеа да ја користат оваа мерка а тоа се околу илјада копмании, некои се навистна мали, големи производители се околу 180 другите се пекари и трговци. Сите тие треба да ги намалат цените на производите кои се во одлуката утврдени со трговска маржа. Во случај да не го направат тоа ќе видите какви мерки ќе се превземат и ќе се донесат“, изјави министерто за економија Крешник Бектеши.

Растот на цените на производите изминатиот период според претставниците на прехрамбениот сектор се во согласност со ценовните движења на прехранбените производи на меѓународниот пазар и цените на увозните материјали потребни за производство но и цената на струјата.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани