
Денеска во посета на Општина Охрид беа учениците од четврто одделение при OОУ „Христо Узунов“, OОУ „Братство Единство“ и ООУ „Ванчо Николески“.


Заедно со секретарот на Општина Охрид, Александар Китески и реководителот на Секторот за образование и детска заштита, Димитар Спасески ги примивме младите гости во големата општинска сала и ги запознавме со основните информации околу начинот на функционирање на локалната самоуправа и главните општински симболи, вели градоначалникот Пецаков.
Ученичките посети се дел од наставната програма по предметот Општество.