
Охрид ќе биде накитен за Новогодишните празници. И покрај енергетската и економската криза главниот туристички центар ќе има организиран дочек на Нивата година на градскиот плоштад.
Според градоначалникот Пецаков, програмата се уште не е финализирана, но целокупната организација нема да чини повеќе од 12 000 евра. Забава ќе има два денови на 31 декември и 1 ви јануари.


-„Ќе се уркасува Охрид е туристичко место, туристички град и нема да трпи воопшто ниту на украсувањето, а секако ниту на Новогодишната забава, односно на оние кои ќе се погрижат за вечерта туристите да уживаат а секако и охриѓани“, вели Кирил Пецаков градоначалник на Охрид.
Одлуката да се организира Новогодишен дочек се коси со одлуката на Владата за штедење, но Пецаков е дециден Охрид е туристички центар и треба подготвен да ги дочека брон=јните туристи.
„Охрид е туристички центар јас се надевам дека нивните одлуки кои ги носат и менуваат од денес до вечер, неповрзано со енергетската криза ќе почнат тие да ги почитуваат. А пак ќе кажам Охрид е туристички центар кој што ќе го посетат огримен број туристи и секако градот нема да трпи. Ние како локална ако го тргнеме настрана ЈП Водовод, сите оние долгови дали биле по однос на греење, дали биле за електрична енергија или било како настанати и во образование сме ги исчистиле како локална самоуправа воопшто не должи. Имаме една друга работа тоа е јавното осветлување кое е приватно партнерство склучено 2014/2015 кое го стопанисува приватна фирма и тие си имаат посебен договор за набавка на електрична енергија така што општината ќе нема било какви финансиски импликации за одржување на прослава“, вели Пецаков.
Охрид очекува голем број туристи за Новогодишните празници. Туристичките агенции во регионот Србија и Црна Гора на големо го нудат градот за дочек на Новогодишната ноќ. Најчесто тридневни аранжмани кои чинат од 90 до 140 евра, зависно од сместувањето и екскурзиите.
Новинар Соња Рилковска