Утврдена динамиката за реализација на клучни проекти во Вевчани

Утврдена динамиката за реализација на одобрените проекти во рамките на Програмата за рамномерен регионален развој во општина Вевчани.
Започнаа потребните постапки за избор на економски и оператори за реализација на градежни работи. Ќе се гради локалната улица Попој-Млака, која е клучна за развој на туризмот во општината. Воедно ќе се реконструира кујната во детската градинка ЈОУДДГ ПЛАНИНИСКИ ЦВЕТ Вевчани.
Вевчани посветено работи на подобрување на патната инфраструктура, информира градоначалникот Спасе Кочоски.


-„Преку Југозападниот плански регион имаме два проекти, средствата се обезбедени целосна реконструкција на кујната и инвентарот во детската градинка, и патот овде познат локално како Попој Млака, пробивање, тампонирање и асфалтирање. Тие проекти чинат околу 250 000 евра што се обезбедени и во догледно време ќе ги реализираме“, вели градоначалникот на Вевчани Спасе Кочоски.


Во соработка со Центарот за развој на Југозападниот плански регион во тек е подготовка на нови предлог проекти за кои ќе бидат обезбедени средства во наредната година и тоа: реконструкција на дел од локалната улица Трафо-Бубаној-Смолјеца, но и изградба на нов ефикасен систем за греење во детската градинка во Вевчани.

-„Ние инфраструктурно стоиме добро, асфалтирани се поголем број на улици дали со асфалт или камени плочи. Меѓутоа има одделни претежно центарот и оние поглавни улици каде треба рекоснтрукција. Како најранлива и најоштетена ја мапиравме улицата Шопев мост- Здраствен дом и решивме да започнеме од неа. Исто така преку Светска банка веќе имаме почнато постапка за подготовка на проект за а ја продолжиме таа улица од Шопев мост до влезот на општина Вевчани“, додава Кочоски.

Во текот на 2023 година преку реализација на неколку инфраструктурни проекти за кои веќе се обезбедени финансиски средства ќе се изгради и реконструира значителен дел од локалната патна инфраструткура во општина Вевчани.

Новинар Соња Рилковска

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани