Со низа свечености Охрид ќе го одбележи патронот на градот Свети Климент Охридски

Со низа свечености Охрид ќе го одбележи патронот на градот Свети Климент Охридски.

Програмата започнува на 6-ти декември во НУ Библиотека „Григор Прличев“ (Прличева одаја) со прогласување на д-р Наум Целакоски и д-р Павле Митрески за почесни членови на Библиотеката со почеток во 12.00 часот. Продолжува со музички концерт на учениците од ОМУ „Методи Патче” во 17 часот во ОМУ „Методи Патче”, потоа следува изложба „Охридскиот регион – универзален духовен и природен раскош“ од Нина Ангелоска во ОСУ Св. Климент Охридски (втор спрат) од 18.00 часот, а во 19.00 часот свечена приредба на ООУ „Св. Климент Охридски“ во НУЦК „Григор Прличев“.

На 7-ми декември, во Општина Охрид ќе биде одржана промоција на Книгата за Светите браќа Климент и Наум од проф.д-р Димитар Пандев и Славе Ѓорѓо Димоски во 12.00 часот, а од 19 часот во изложбениот салон на НУ Центар за култура „Григор Прличев” ќе биде отворена традиционалната изложба на Фото клуб – Охрид. Од 19.30 часот во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ ќе биде поставена изложба на учениците од ОСУ „Св. Климент Охридски“.

Свечената академија по повод 8-ми Декември, Денот на Свети Климент Охридски – Патрон на Охрид ќе се одржи на 7-ми декември во НУ Центар за култура Григор Прличев во 20.00 часот, информираат од Општина Охрид.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани