Отворени денови за граѓанско учество во креирање на буџетот на општина Вевчани

Општина Вевчани ќе реализира отворени средби и консултации со граѓаните како дел од процесот на изготвување и донесување на новиот буџет.
Станува збор за средби кои ќе се одржат почнувајќи од викендов во недела (04.12.2022 година) во просториите на општина Вевчани во периодот од 12 до 14 часот. А и во наредните денови во текот на наредната недела сѐ до 10 декември.
Целта на овие отворени средби е преку отворена и транспарeтна постапка граѓаните да имаат увид во креирањето на новиот буџет за 2023 година, но и со свои предлози и сугестии да учествуваат во процесот на неговото креирање и донесување на истиот.
Овие отворени средби се насочени кон креирање и усвојување на граѓански буџет кои ќе ги ќе бидат инкорпорирани предлозите и сугестиите на жителите и здруженијата на граѓани на Вевчани.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани