Експертите бараат поголема грижа за културното наследство

Потребна е поголема грижа за културното наследство во Охридскиот регион. Југозападниот регион во земјава располага со културно богатсво од сите епохи и цивилизации од праисторијата до денес. Експертите велат потребна е соодветна заштита, презентација и промоција.
Треба да се користат искуствата на европската конзерватоска служба.

-„Македонија иако е мала земја таа располага со големо значајно и богато културно наследство. Тоа се епохи, слоеви, цивилизации кои овде поминувале се е тоа наталожено, напластено од археологијата од раниот период од праисторијата па се до времето на преродбата тоа се тоа се во прашање милениуми. Така да Македонија има големо културно наследство но сега проблемот е заштитата и презентацијата“ , вели Сашо Цветкоски од Истражувачкиот центар за културно наследство при МАНУ.

Струшкиот регион има особено значајни ранохристијански комплекси кои чекаат да бидат конзервирани и заштитени.

-„Тука е и блиската базилика во селото Радолишта, и базиликата во село Ташмаруништа, што е едно значајно културно наследство од времето на раното христијанство. По примерот на Октиси пред неколку години и во Ташмаруништа мозаиците кои се најдоа во 2000 та година при ископувањата на иста начин се третираа и денес се ислоѓени во црквата во Ташмаруништа“, додава Цветкоски.

Експертите сугерираат на недоволна или неадекватна заштита на културното наследство факт што го нотира и рекативната мисија на УНЕСКО. Од таму сугерираат на недоволна обученост и недоволен број на стручни кадри за заштита на културното богатсво.
Новинар Соња Рилковска

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани