
Приведен жител на Мешеишта, се заканувал на полициски службеници.
На 04.12.2022 година во 11 часот во СВР Охрид приведен е Ј.М.(31) од селото Мешеишта, општина Дебрца. Тој се однесувал агресивно и упатил навреди и закани кон полициски службеници кои преземале службени мерки. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.