Голема еколошка акција на струшкото крајбрежје

Oпштина Струга и градоначалникот Рамис Мерко беа дел од акција за чистење на неколку локации на брегот на Охридското Езеро. Во рамки на акцијата која беше поддржана од Министерството за животна средина и просторно планирање и „Пакомак“, беше собран отпад на вкупна површина од 100.000 метри квадратни.

Градоначалникот Мерко ги повика стружани заеднички да ја чуваат околината и да обезбедат чиста и здрава животна средина.


„Задоволство ми е што денеска сум дел од ваква еколошка акција и соработка. Нашиот град се познава по убавата природа, чистиот воздух и животната средина, но ова не значи дека ние и понатаму не треба да вложуваме и да се трудиме за подобра иднина. Покревање на свеста кај граѓаните за зачувување на животната средина е многу битно, затоа сум сигурен дека оваа акција освен што ќе придонесе на чистење на крајбрежјето на езерото во Струга, исто така ќе пренесе до стружани но и пошироко дека ние сами треба да ја чуваме околината и да обезбедуваме чиста и здрава животна средина.“ изјави Мерко.


Поддршка во реализација на оваа акција дадоа од „Мен енд Маунтаин“ кои ја потенцираат ургентноста од делување и значењето кое го имаат овие акции за чистење на животната средина, но и за јакнење на свеста за одговорноста на секој поединец.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани